Трет ден од ракометниот камп “Кирил Лазаров 7”

image

Како тим кој постојано се залага за унапредување на македонскиот спорт, пресреќни сме за одличниот старт на овогодинешниот камп “Кирил Лазаров 7”. Кампот започна во петокот, на 17.06.2016 и по сè што се изнагледавме изминативе два дена, ни се чини дека веќе ги запознавме новите ракометни ѕвезди на Македонија! Од одлични асистенции до уметноста на поентирање, околу 250 момчиња и девојчиња ќе ја имаат единствената шанса да учат од најдобрите, на чело со нашиот Кире Лазаров.

Терените се подготвени и прекриени со специјална подлога за оваа намена, а за да сме сигурни дека нашите мали, но големи херои на теренот ќе изгледаат еднакво добро колку што се вешти, обезбедени се дресови и опрема од производителот “Hummel”.

За да ѕирнете мал дел од атмосферата, секој ден на нашата Фејсбук страница може да го погледнете видеото на денот кое нескромно го нарековме “Златен момент”, а ако се прашувате зошто – право на Фејс!

Драго ни е што сме меѓу генералните спонзори на овој настан, на учесниците им посакуваме да си поминат одлично и да научат многу и се надеваме дека кампот ќе прерасне во традиција која ќе ја негуваме со генерации!