Стан со детали во тропски бои (47m²)

Кога креативноста би била стан, тоа дефинитивно би бил овој стан.

Со површина од само 47 метри квадратни, овој дом делува неверојатно отворено и пространо, а причина за тоа е уникатниот дизајн. Секој дел од просторот има своја намена и делува посебно поради употребата на различни идеи за одвојување – понекогаш тоа е различна боја на позадината, на други места материјалот на подната облога, а спалната е одвоена со помош на стакло и завеса.

Основната боја на дизајнот е белата, но низ станот успешно се провлекуваат акцентски елементи во тропски бои како црвената, портокаловата, жолтата и зелената.

Спалната соба е одвоена со помош на стаклен ѕид и подвижна завеса – кога завесата е затворена, доминира приватноста, а кога е отворена, дневната соба дополнително се осветлува од прозорецот во спалната.

Изборот на мебел е едноставен и модерен, а оваа шема на уредување се провлекува и низ кујната, каде ентериерот е дополнително збогатен со backsplash-от со тропска позадина.

Разгледајте ја галеријата и земете инспирација за некој од Вашите омилени Golden Art домови кои може да ги разгледате на овој линк.

Golden Art – ДОМ. Не само СТАН.