Светол и компактен стан од 97 метри квадратни со уникатен дизајн

spacious-apartment-living1

Сместен на четврти од вкупно пет ката, овој просторен и светол стан како центар на својот дизајн вклучува микс од антиквитети и модерни елементи. Зафаќа површина од 97 метри квадратни и е совршен за петчленото семејство кое живее тука. Основна боја е белата која дизајнерите вешто ја надополниле со детали во ведри бои.

На секое катче низ просторот му е даден личен печат од страна на сопствениците низ низа детали како семејни фотографии, разни рамки за слики, стари часовници, вази, чаши, ќилими, стари масички и многу други елементи.

Посебен дел од станот е терасата која е исто така уникатно уредена и служи за опуштање од утро до вечер.

Уживајте во галеријата! Доколку ви се допадна овој стил и би сакале на овој начин да го уредите својот нов дом, ние Ви го предлагаме овој стан од објектот во Кисела Вода.