Стилски уреден дом во три нијанси со една спална соба (48m2)

2013-Modern-Apartment-Decorating-Ideas-from-BHG-2

 

За инспирација на уредување на овој пресладок простор од 48 метри квадратни, архитектите побарале инспирација во гардероберот на сопственичката.

“Таа е млада девојка со одличен стил и префинет вкус за мода, токму затоа одбравме комбинација од три бои. Нејзините денови се брзи и исполнети со состаноци за работа, а домот е нејзиното катче за одмор и релаксација, што значи дека секој детаљ мора да е елегантен, светол и да оддава чувство на удобност, а во исто време и практичност. Кога сте зафатени, не сакате да губите време на барање на основните работи, па сѐ мора да е на дофат.”, велат архитектите одговорни за уредување на овој дом.

И навистина е така. Гледајќи ги фотографиите ќе се уверите дека колку и да изгледа префинето и гламурозно, секоја површина во овој стан е отворена, а секој предмет си има свое место. Основните бои се бела, жолта и темно сина, во комбинација со дрво, метал и стакло. Рефлективните површини даваат отсјај кој ја акцентира веќе постоечката светлина од прозорците, а миксот од разни текстури и дрво внесува топлина во просторот.