СПАС ОД ЖЕШТИНИТЕ И РАЈ ЗА ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ

Деновиве, честа тема на разговор се високите температури кои владеат низ Скопје. Сигурно барем еднаш во неделата ја слушате поплаката „Жешко! Како ќе се живее летово?“. Инспирирани од ова, решивме да Ви предложиме стан кој ќе биде рај за овие летни денови. Овој дом од 67m², кој се наоѓа на северо – источната страна, сместен на идеална локација во населба Карпош, Ви го нуди бегството од високите температури по кое сите трагаат.

Stan na severna strana

Простран и светол дневен простор со open-plan кујнски и трпезариски дел, две посебни спални соби, тоалет и две тераси, го прават овој стан доста комфорен и пријатен за живеење. Како дополнителен бенефит кој го нуди овој стан е фактот што гледа и на источната страна, па така, сончевите зраци ќе бидат присутни во Вашиот стан, но само во утринските часови со Вашето прво кафе.

Ви се допаѓа? За повеќе информации околу продажбата на станови јавете се на 071 или 075 225-888 и закажете средба со нашите продажни агенти кои со задовоство ќе Ви излезат во пресрет, а изградбата на комплетниот објект може да ја следите тука.