Во четвртокот, на 26.05.2016, во Хотел Континетал се одржа презентација на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) на која се најави огромна поволност за сопствениците на станови од Golden Art.
Енергијата потрошена за загревање на вода претставува голем процент од целосната потрошена енергија во едно домаќинство, па затоа, бидејќи секогаш се стремиме да ја усовршиме енергетската ефикасност на нашите објекти, започнуваме со имплементација на нов систем за загревање на санитарна вода кој на Вашето семејство ќе му заштеди и до 120 евра годишно! Специјалните бојлери кои ќе бидат вградени во домаќинствата ќе бидат поврзани со системот за загревање на становите и на овој начин во грејната сезона секогаш ќе имате топла вода, бидејќи водата ќе се загрева секогаш кога парното греење ќе биде вклучено.
Golden Art е првата градежна компанија во Македонија која го имплементира овој систем. Ќе се стремиме и понатаму да овозможиме уште поголема енергетска заштеда за секој наш клиент, бидејќи Вашите среќни приказни во домовите кои ги градиме се најголема мотивација за нас!