Скандинавска екстраваганција низ 29 фотографии (65m2)

mdiynnwwmdawndawmdizmnw5ng..

Стилот и елеганцијата на скандинавците, освен на улиците, се пресликани и во дизајнот на секој тамошен дом. Краткото траење на дневната светлина во поголемиот дел од годината се надоместува преку светли ѕидови во домот, монохромна палета при изборот на мебел, цврсти материјали и едноставни линии.

Дизајнот кој денес го подготвивме за Вас како инспирација е совршен спој меѓу класичното и модерното. Екстраваганцијата и елеганцијата ја носат класичните детали, како дворкилните врати, прозорците, бордурата на ѕидовите, подот, табуретката од кралско сино кадифе, металните елементи во боја на злато, како и мермерните површини. Како контраст, дизајнерите во станот одбрале софа во модерна форма (повторно од кадифе), едноставни слики во тенка црна рамка, кујна и масички со строги линии.

Скандинавската умешност и наједноставниот простор да го „облечат“ во луксуз и сето тоа да изгледа како излезено од страниците на Elle Decor, е отсликана и во другите простории во домот, од спалните соби, преку бањите и ходниците, па се’ до оставата за облека!

Уживајте во галеријата! :)