Шик дом кој успешно ги комбинира новото и старото (50m²)

Купивте нов дом и загрижени сте за средствата кои ќе ги потрошите за уредување? Што ако Ви кажеме дека можете слободно да се фокусирате единствено на квалитетот на материјалите од кои е изграден Вашиот нов дом, бидејќи за дизајнот има едноставно решение?

Сопствениците на овој шик дом од 50 метри квадратни за уредување на овој дом купиле сосем малку нови парчиња мебел кои навистина им се потребни за удобно живеење, а тоа се креветот, делови од кујната, како и апаратите за домаќинство. Сите останати елементи се реставрирани, пребоени, претапацирани или рачно изработени.

Токму со употребата на вакви обновени парчиња, целиот дом добива уметнички изглед, но и топлина која често недостига на домовите кои се декорирани целосно со нови и модерни елементи.

Доминира контрастот меѓу црната, темносивата и белата боја, а истиот е надополнет и разигран со елементи во боја. Вакви се софата за седење во темно зелена боја на која се расфрлени шарени перничиња со разигран дезен, но и кујнскиот елемент со розеви вратички кои отскокнуваат и даваат посебен печат на целиот дом.

Дневната соба е со open-plan распоред, што значи дека е споена со трпезаријата и кујната. Она што ја дава атмосферата со која изобилува домот е токму асиметричноста. Речиси и да не постои елемент кој е поставен симетрично и кој се повторува. Разгледајте ја галеријата и уверете се самите: