Саем за градежништво 2016

И за крај…

[facebook_post url=”https://www.facebook.com/GoldenArtMKD/videos/771535186281740/” width=””]

Четврти ден

Уште еден посебен ден за нас. Бидејќи повторно не посетија сите дечиња кои изминативе денови си играа и се забавуваа на нашиот штанд. Им благодариме на Ања, Ева, Софи, Тања, Андреј, Симон, Марко, Михаела, Пепи, Гоце и сите останати насмеани лиценца без кои саемот немаше да заблеска во полн сјај.

Бато Жаре од Еден на Еден ги извлече тројцата добитници на таблет компјутери, но сите заминаа дома со по некој подарок. Му благодариме на Жаре за неговата позитивна енергија, убавите зборови и секако хуморот! 🙂

Посетете нè и утре на саемот. Ве очекуваме!

Трет ден

Продолжуваме и понатаму со саемските активности! Само еден ден нè дели од извлекувањето кое го закажавме за 04.03.2016 во 18:00 часот каде ќе се дружиме со Жаре од ТВ шоуто Еден на Еден и ќе извлечеме три среќни добитници на таблет-компјутер. Секако, и за останатите ќе има по некое изненадување 🙂

Денес, покрај добрата забава за дечињата и бројните поволности за родителите, добивме и порака преку цртежот на малиот Андреј, кој посака луѓето да се сакаат и почитуваат без разлика на верата, полот и сите оние разлики кои нè прават луѓе – различни, а сепак исти!

Се гледаме утре на исто место од 10:00-19:00!

[facebook_post url=”https://www.facebook.com/GoldenArtMKD/videos/769812463120679/” width=””]

Втор ден

Денес беше голем ден за нас, особено поради промоцијата на книгата на Д-р. Петар Николовски, човекот со кој соработуваме веќе многу години и на таа соработка сме особено горди. Книгата со наслов „Пасивно користење на сончевата енергија во архитектурата“, е посебен вид на литература која ќе придонесе кон поефикасно искористување на енергијата од Сонцето, извор кој се чини дека премалку се цени во архитектурата во Македонија. Ви благодариме што бевте дел од од оваа мини-прослава и ни овозможивте настан кој ќе се памети!

Во продолжение на активностите на нашиот саемски штанд, ги добивме новите потенцијални добитници на еден од трите таблет-компјутери кои ќе ги извлекуваме во петок, 18:00ч.

Мајки и татковци, тогаш ќе можете бесплатно да си ги земете фотографиите од вашите дечиња кои ќе ги направиме во текот на саемот.

Ве очекуваме на штандот со многу поволности и изненадувања! 🙂

Прв ден

Ако по утрото денот се познава, може да очекуваме овој саем да биде најдобриот досега! Додека нивните мама и тато ја разгледуваа тековната понуда на домови, ние се дружевме и цртавме со Ања, Ева, Тијана, Симон, Андреј, Диар и уште многу мили дечиња кои ни го разведрија денот, па затоа си добија и подароци! 🙂

Ги добивме првите кандидати за наградната игра која завршува во петок, 18:00ч, кога тројца среќни добитници ќе си заминат дома со Lenovo таблет-компјутер. А бидејќи сликата вреди илјада зборови, погледнете дел од фотографиите од денес. (Мало потсетување – сите фотографии од дечињата ќе може да си ги земете во петок на извлекувањето)

Се гледаме утре во хала 1!