Саем на градежништво и недвижности 2017

Традиционално, секоја година имате можност да не посетите на саемот на градежништво и недвижности и да ја разгледате нашата понуда. Традиционално, секоја година се трудиме да Ви понудиме уникатно искуство и соодветни информации кои ќе Ви ја олеснат најважната одлука во животот.

Под мотото „Дом. Не само стан“ Ви обезбедуваме место за живеење по највисоки стандарди, користејќи само најквалитетни материјали од врвни производители кои од 28-ми февруари до 4-ти март може да ги најдете само на нашиот штанд во хала 1, и на ниту едно друго место на саемот.

Продолжете со читање за да искусите еден дел од атмосферата, секој ден ќе имаме нови вести и фотографии :)

28.02

Саемот беше официјално отворен од амбасадорката на Швајцарска Конфедерација во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Сибил Сутер Техада. Првите посетители на нашиот штанд уживаа во утринско кафе и разговор со тимот на Golden Art, а имаа можност да искусат едно поинакво доживување, разгледувајќи ги своите омилени станови со помош на уредите за виртуелна реалност. Нашите партнерски компании Rehau, Knauf, Kema, TKK, Baumit, Nexe, Ideal Standard, Metron и останатите се тука за одблиску да ги претстават материјалите од кои е изграден секој Golden Art дом.

01.03

Уште еден ден исполнет со насмеани лица и многу, многу информации. Посетителите се информираа за комплетниот Golden Art систем за градба, а нашите партнери од Rehau, Knauf, Kema, Baumit, TKK, Nexe, Ideal Standard ги презентираа материјалите кои го создаваат резултатот кој нè одвојува од останатите – целина чии составни елементи се надополнуваат меѓу себе и создаваат дом. Не само стан.

02.03

Третиот ден од саемот повторно помина во дружба, прашања, одговори и информации. Им благодариме на сите кои го посетија штандот!

03.03

Почетокот на викендот го одбележавме со многу вклучувања во живо на Facebook. Ова се само некои од денешните објави:

 

04.03

Успешен крај на Real Expo 2017! Овие неколку дена изминаа брзо, но веќе од понеделник се враќаме во нашите канцеларии на ул. Руди Чајевац каде може да не најдете секој работен ден од 8-16, како и во сабота од 8-13 часот. Ве очекуваме!

Пост-саемско видео