Проф. Д-р. Нечевска-Цветановска: Да сум во зграда од ГА, мирно ќе си седам и при земјотрес како ’63

Заменик директорот на ИЗИИС, професорката по предметот “Асеизмичко проектирање на згради” и еден од најголемите авторитети од оваа проблематика, Проф. Д-р. Голубка Нечевска-Цветановска е следната личност со која зборуваме во серијата интервјуа инспирирани од скорешните земјотреси во скопското подрачје. Таа дава исклучително важни информации за секој купувач на нов и стар стан, а зборува и за дупката после ’90ите, кога изградените згради се БЕЗ издадено мислење од ИЗИИС. Погледнете го ова интервју кое иако кратко, дава навистина важни совети и корисни информации за сите нас.