Продолжуваме со успешната приказна – втора станбена зграда во Аеродром

Нашиот нов предивик е изградба на уште една станбено – деловна зграда во општина Аеродром, овој пат со приземје, девет ката и поткровје, лоцирана на улицата „Милан Зечар“ во близина на „Тобако 2“. Со пригодна свеченост и во присуство на свештени лица на МПЦ, денеска го поставивме камен – темелникот на новиот објект. Зданието ќе се состои од 85 станови со површина од 38 до 76 метри квадратни, вклучувајќи и четири поголеми станови што ќе се простираат на 120 метри квадратни.

Врвната градителска технологија ќе ја примениме и во оваа зграда. Најстрогите стандарди за енергетска ефикасност ќе овозможат градбата да се смести во станбени објекти од класа-А, со помала потрошувачка на енергија за 5 до 10 пати во споредба со постарите згради изведени кон крајот на минатиот век. Како вистинска реткост кај нас, на дел од поткровјето на зградата е планирано да се изведе зелена тераса, по теркот на најсовремените градителски проекти од развиените земји.

Во рамките на станбено – деловниот објект ќе изградиме и две подземни паркинг – нивоа, кои треба да ги задоволат потребите за паркирање на ценетите станари. Целокупните градежни активности за комплетирање на нашиот нов проект ќе ги реализираме во период од една година. Ако се суди според беспрекорната изведба на нашиот прв станбен објект во населбата Стар Аеродром и одличниот одзив и задоволство на тамошните клиенти, немаме никаков сомнеж дека пред нас е уште една успешна градителска приказна, во која како инвеститор, проектант и изведувач се јавува компанијата „Голден Арт“.