Практично уреден двособен Golden Art дом во населбата Аеродром (63m2)

1 (17 of 27)
Креативноста и умешноста во уредувањето на нашите клиенти често нè воодушевува! Уште еден во низата практично уредени домови од кои можете да црпите инспирација е овој стан од 63 квадратни метри во објектот GA03. Светлите бои, уникатните детали и мудро искористениот простор ги исполнуваат желбите на сопствениците и им овозможуваат удобен живот во еден од помирните делови на Скопје.

На Саемот на градежништво и недвижности, кој ќе се одржи од 28.02 до 04.03 ќе имате можност виртуелно да зачекорите во еден дел од становите во нашата понуда. Посетете нè во хала 1 и одберете го новиот дом за Вашето семејство, без скици и брошури, само со помош на уредите за виртуелна реалност – полесно од кога и да е 😀

Уживајте во галеријата 🙂