Зошто на поткровје? Има многу причини…

Поткровјето, како дом во минатото најмногу го користеле студентите, уметниците и боемите поради пониската кирија. Во тоа време, поткровјето се сметало за помалку вреден простор, но во поново време е сосема различна приказна.

Со примена на новите сознанија и материјали, овозможена е поквалитетна градба на поткровјето, а решени се и проблемите со изолацијата. Покрај овие, знаете ли кои сè предности Ви ги нуди станот кој се наоѓа на поткројве? Еве некои од најважните:

  • Поголема приватност, нема соседи над Вас 🙂
  • Поголема креативност и декоративни можности за уредување на Вашиот дом
  • Подобар поглед
  • Помалку прашина од улицата
  • Докажано е дека луѓето кои живеат на повисоките катови, а не го користат лифтот имаат помалку срцеви заболувања и подобрено здравје, бидејќи повеќе се движат

Како дел од нашата понуда на станови, денес го издвојуваме станот во Кисела Вода од 51.50 m², кој се наоѓа токму на поткровје и вклучува дневен простор со трпезарија, родителска спална соба и детска спална соба, кои го прават совршено и комфорно место за живеење. Овој стан се наоѓа на југоисточна страна, со поглед кон Водно, на идеална локација, која е многу блиску до центарот на градот.

51.50

 

Дали Вие би живееле во стан на поткровје, кој покрај одличната локација Ви нуди и комфорен распоред? Ако одговорот е ДА, тогаш ги очекувaме Вашите повици на 075 и 071/225-888, за да закажете состанок со нашите агенти за продажба. Следете го дневникот на оваа зграда тука.