Поддршка за новите ракометни таленти на кампот „Кирил Лазаров 7“

18301350_1067244293377493_761492592918261581_n

На прес конференцијата која се одржа денес го сретнавме Кире Лазаров возбудени и среќни за две убави новости. Првата беше легендарната победа на македонската ракометна репрезентација против Исланд вчера, а втората е веста која со задоволство Ви ја соопштуваме денес!

И оваа година, втора по ред, го поддржуваме кампот за млади таленти во ракометот „Кирил Лазаров 7“ кој ќе се одржи во две смени: 20-26.06.2017 и 26.06-02.07.2017 во Охрид. Нè очекуваат многу дружба, многу пријателства, многу напорни тренинзи и многу нови ѕвезди!

Вака си поминавме минатата година:

Погледнете го видеото од прес-конференцијата: