Новите ракометни ѕвезди доаѓаат!

Охрид во јуни ќе биде град-домаќин на вториот ракометен камп “Кирил Лазаров 7”. Кампот ќе се одржува во две смени во комплексот на хотелот “Аквалина”: првата од 17 – 23 јуни, а втората од 24 – 30 јуни.

Ѕвезда на денот секако, беше Кире Лазаров кој посочи колку голема чест му преставува тоа што овој проект продолжува и оваа година благодарение на повеќе компании.

Се обрати и Роберт Јакимовски, техничкиот директор на градежната компанија Голден Арт, која се јавува како една од главните фирми-помагатели на овој камп.

„Со Кире делиме исти вредности, како компанија во многу наврати сме ги помагале младите и во ниеден момент не се двоумевме дали да бидеме партнери при организацијата на овој одличен проект”, изјави Јакимовски.

Се надеваме дека примерот на Кире Лазаров и Голден Арт ќе го следат многу други македонски спортисти и успешни фирми и дека ќе ја увидат потребата и перспективата во инвестирање и градење на успешна спортска иднина во нашата држава.

Преземено од: Tocka.com.mk

Извори: Mkd.mk, Faktor.mk, Tocka.com.mk, Panika.be