Не се мислете повеќе – Еве каде да купите стан во Скопје!

Пред да се одлучиме да купиме стан најчесто застануваме со размислување која локација е најдобра за живеење. Секоја населба си има свои предности па затоа ние како компанија многу внимателно и грижливо бираме каде ќе ги градиме нашите објекти, Вашите идни домови. Еве зашто треба да одберете стан од Голден Арт во Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Карпош

Карпош една од поголемите населби во нашиот град. Во Кaрпош 2, на улица Орце Николов во близина на градскиот парк, Голден Арт ја одбра оваа населба затоа што е една од најтивките населби во Скопје.

Која е предноста на купување стан во Карпош? Покрај близината на градскиот парк и блискоста на останатите населби во Карпош оваа населба има многу што да Ви понуди. Маркети, училишта, факултети, театар, спортски ценатр, паркови и зеленило е тоа што го добивате доколку купите стан во Карпош 2. Населба за сечиј вкус! Оваа локација ја одбравме бидејќи Ви нуди удобност и мир од надворешната бука. Овој стан кој Ви го препорачуваме е 76м2 со две посебни детски соби и посебна спална. Денвниот престој кој го дели истиот простор со кујната и трпезарискиот простор е совршен за поминување време со Вашето семејство. Во овие 76м2 добивате посебна бања и посебно купатило и две тераси.

capture

Кисела Вода

Во близина на општината и основното училиште Невена Георгиева Дуња на улицата Михаил Чаков посветено го градиме нашиот станбен објект.

Која е предноста на купување стан во Кисела Вода? Предноста на оваа населба е што е во близина на населбите Центар и Аеродром. На 10 мин од центарот на градот на одлична локација со идеален распоред Ви го претставуваме Голден Арт станот од 48м2. Совршено искористен простор за удобен и комотен живот. Дневен престој со трпезарија и кујна, голема спална и голема бања. Сето ова дополнето со тераса е сé што Ви е потребно за перфектен дом.

48m2

Аеродром

Една од поубавите населби во градот која изобилува со прекрасно зеленило и која те освојува во истиот момент кога ќе пристигнеш. Аеродром покрај трговските центри и кафулињата Ви нуди шеталишта, парк со езера, училишта за Вашите најмили. Сé што Ви треба, на едно место. На улица Милан Зечар Ви го претставуваме Голден Арт станот од 102м2. Луксуз во кој заслужувате да живеете! Голема спална соба со тераса, две посебни детски соби, бања, купатило и кујна со дневен престој и трпезарија и  тераса надополнето со уште една тераса и кровно зеленило е вистинскиот рај кој Ви е потребен.

ga-aerodrom-102

Доколку сте заинтересирани за некои од овие понуди јавете се на 071 или 075 225-888 и закажете средба со нашите продажни агенти кои со задоволство ќе Ви помогнат.