Студенти, ви благодариме за довербата! Golden Art по вторпат добитник на признанието Stubrand

Се радуваме на секоја пофалба, признание, награда, но минатата година сфативме дека една од нив сепак има специјално место во нашите срца. На 18-ти октомври, во хотелот Александар Палас се одржа доделувањето на престижното признание Stubrand за 2017-та година. Пресреќни сме што втора година по ред името на Golden Art e изгравирано на една од наградите, како градежна компанија во која студентите имаат најголема доверба.

Наградата му беше врачена на нашиот генерален директор, г-дин Ивица Јакимовски, кој им се заблагодари на студентите со пораката „Вие сте нашата иднина. Во Golden Art се надеваме дека ќе успееме да задржиме што е можно повеќе од вас и дека својата иднина ќе ја гледате тука во Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за вашата доверба, бидејќи таа за нас е најголема награда“.

стуб стуб1