Направете сами – црна табла за пишување!

Man Thinking

„Мирче сакал да ја убие мувата во просторијата. Мувата се удрила во прозорецот и по ударот паднала на работната маса во далечина од 36,4cm. Со која брзина летала мувата ако прозорецот е со димензии 140*73cm, густината на стаклото е 2.5*103 kg/m3, а Маја од другиот клас е надвор со другарките и е многу убава?“
Се сеќавате на оној момент кога во средно стоевте пред таблата на часот по математика и никако не можевте да најдете решение на задачава?

Можеби не беше баш вака поставена задачата, но важното е дека сега може слободно да заборавите на таблата од средно како метод на тортура кој го измислиле Французите кога им забраниле да користат гилотина 😀 . Таблата само што доби нова, кул намена – сѐ почесто ја гледаме околу нас како стилско решение во домот, рестораните, канцелариите, секаде!

Без разлика дали би ја користеле како место за цртање на вашите деца во кујната додека правите ручек, место за потсетување на Вашиот сопруг дека треба да ја смени светилката во ходник, да оставите слатка порака, или пак само како дизајнерски детал – прочитајте како лесно и брзо може да го претворите вашиот ѕид во уметност – сосем сами!

Потребно:

• 250ml латекс боја за ѕидови, мат варијанта (црната е најевтина, но можете да изберете и друга)
• 30g маса за фугирање, ситна гранулација
• хартија за шмирглање, гранулација 150

Начин на подготовка:

Добро измешајте ги бојата и масата за фугирање, да нема грутки. Потоа брзо нанесете ја на ѕидот (фуг-масата брзо се врзува и суши) и оставете ја добро да се исуши, па поминете лесно со хартијата за мазнење по целата површина. За крај, избришете со крпа, земете креди и оставете Вашата креативност да го направи своето.

Ве инспирираше овој дизајн? Би сакале да го искористите во новиот дом? Golden Art Ви нуди најразличен избор на станови со најголем квалитет и најпристапна цена. Прегледајте ја нашата понуда тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!