„Дневникот на една зграда: GA04, Аеродром“

04

Објект: GA04
Локација: Ул. Руди Чајевац – Аеродром
Број на станови: 121
Височина: приземје + 9 ката + поткровје
Квадратура на станови: 35-80m²
Линк до каталог: GA04

Со цел едноставно и лесно да дојдете до сите новости од текот на изградбата, за Вас го подготвивме овој „дневник“ во кој постојано ќе ги објавуваме сите информации, почнувајќи од најновите вести, па наназад.

Оваа зграда е уште еден од нашите објекти кои ги исполнуваат стандардите за енергетска класа А, бидејќи кога станува збор за Golden Art, максималната енергетска ефикасност и безбедноста претставуваат стандард од кој не отстапуваме. Вашата доверба ни значи сè, токму затоа градиме домови кои ќе им служат и на Вашите поколенија! 🙂

01.09.2016

Како што 01-ви септември е огромна радоост за сите првачиња, така и за нас овој ден е голем бидејќи, вчера, на 31.08.2016, се дружевме и забавувавме со новите сопственици на становите, во објектот на ГА О4.

Со ова „Дневникот на една зграда“ за овој објект го затвора своето последно поглавје. Ви благодариме што го поддржувате секој чекор од нашата работа, и Ви благодариме за довербата која премногу ни значи!

24.08.2016

На објектот GA 04 се поставуваат мермерните плочи во ходниците, а во моментот се монтираат и лифтовите во целост. Влезните врати од зградите се наместени и со тоа можеме да кажеме дека доаѓаме до крајната фаза на изградбата на овој објект. Наскоро ќе можете да ја започнете својата приказна во Вашиот нов дом од соништата.

07.07.2016

Оваа недела во GA 04 се поставува санитарија од еден од најпознатите италијански брендови „Ideal“, исто така се поставуваат и бојлерите од марката „Ariston“. Во вториот влез продолжуваме со поставувањето на дабов трослоен паркет од норвешкиот производител „Boen“. Погледнете ги новите фотографии и следете не за повеќе информации. Секако, нашите агенти Ви стојат на располагање во било кое време на 071/075 225 888

23.06.2016

Во првиот влез завршивме со поставување на мермер на скалите, па оваа недела се селиме во вториот влез. Во тек е и поставувањето дабов трослоен паркет од норвешкиот производител Boen на шестиот кат во првиот влез. Во бањите, по избор на купувачите, ги поставуваме кадите и туш кабините.

Заинтересирани сте за дом на оваа локација? Јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба уште денес и изберете го својот нов дом од соништата.

10.06.2016

Оваа недела во GA 04 започнавме со поставување на мермер на скалите. Поставувењето на норвешкиот трослоен паркет е при крај, а во вториот влез започнавме со местење на радијаторите.

01.06.2016

GA04 секој ден е сè поблиску до комплетирање на целосната градба! Ги зацврстуваме оградите на терасите, при крај сме со монтирање на трослојниот паркет од норвешкиот производител Boen, а во заедничките ходници продолжуваме со поставување на плочките.

Следете нè секоја недела за новости од текот на изградбата,  а за повеќе инспирација посетете ги нашиот блог и Instagram профил

28.05.2016

Во тек е комплетирањето на галантеријата, а гредите и столбовите се полнат со MP 75. Во Вашите бањи ги поставуваме регистрите за вода, а продолжуваме и со поставувањето на влезните врати од брендот DiPorte.

Сакате да дознаете повеќе за нашите објекти, или само да слушнете корисни совети за енергетски ефикасно живеење? Пријавете се на 071/075 225 888 за бесплатно учество на работилниците кои редовно ги одржуваме во нашиот едукативен центар. На овој линк погледнете како си поминавме минатата сабота.

Се гледаме во Golden Art!

19.05.2016

Оваа недела во ГА04 работиме на поставување сигурносни врати DiPorte, целосно произведени со италијански материјали – за максимална сигурност! 🙂

За повеќе информации погледнете го видеото, а за уште повеќе информации продолжете со читање надолу 😀

12.05.2016

Гаражниот простор е скоро завршен, Вашите возила ќе ги очекуваат посебно обележани места за безбедно и сигурно паркирање надвор од градската џунгла! Меѓу другото, поставуваме спојки и вентили на радијаторите, се прават опшивки околу ормарите на разводните кутии во ходниците, а внатрешните ѕидови се фарбаат со завршна фаза Polikolor.

Во потрага сте по нов стан? Јавете се на нашите агенти за продажба и кажете им ги Вашите барања и преференци, тие ќе ви помогнат да го направите Вистинскиот избор! 🙂

 

04.05.2016

Продолжуваме со поставување на плочките од врвниот италијански бренд Idea Ceramica во бањите. Започнавме со поставување на хидрантските капаци во ходниците и со местење на радијаторите во Вашите идни домови. Во тек е и правењето на дупки за поставување на главниот одвод во тоалетите. 4-ката во Аеродром е веќе при крај… 🙂

21.04.2016

Ја поставуваме кошулицата на 10ти кат, а во бањите се поставуваат плочките од италијанскиот бренд Idea Ceramica, производител кој гарантира врвен квалитет и цврстина. Во тек е поставување парапетни даски и окапници на прозорците.

12.04.2016

Уште еден објект се приближува кон својата завршна фаза! Фасадата е целосно поставена, а во внатрешноста се прави изолација на цевките со Armaflex. Остатокот од површините се глетуваат со Biofinish, а исто така во тек е и поставувањето на главната хидрантска линија.

30.03.2016

Во тек е монтирањето алуминиумски окапници на прозорците. Се поставува кошулица на подовите на петтиот кат, а гредите и столбовите се глетуваат со Biofinish. Внарешните ѕидови машински се малтерисуваат со малтер од реномираниот македонски производител Knauf, а во тоалетите се прави подготовка за поставување на водоводните елементи од Rehau.

Вашиот дом е сигурен со Golden Art! Листата на партнери со  кои соработуваме може да ја видите тука.

23.03.2016

Влез 1: Внатрешните површини се глетуваат со Biofinish, а во бањите на 10 кат при крај е лепењето на плочките. 

Влез 2: Машински се поставува кошулицата на 4ти кат.

Во тек е и размонтирањето на скелето – фасадата го доби својот конечен изглед!

19.03.2016

Бидејќи квалитетот и трајноста ни се најважни при изградбата, целиме кон мазни површини кои освен што ги исполнуваат овие критериуми, исто така изгледаат добро, а безбедни се и за здравјето. Во моментов внатрешните ѕидови ги третираме со втор слој на Biofinish –  за совршени површини! Се врши машинско пеглање на гредите, додека таванот се премачкува со бетонконтакт. Во бањите започнавме со поставување на гумена изолација, а во тек е и ѕидањето на кадички за туш кабините.

12.03.2016

Зградата наскоро ќе го добие заштитниот изглед на сите Golden Art објекти. Фасадата во моментов се премачкува со абриб, а во тек е и втората фаза на рамнење на малтерот. Се поставуваат прозорските лајсни, а во домотовите на последниот, десетти кат, при крај сме со поставување на вградените WC казанчиња.

25.02.2016

На првиот кат ги лепиме плочките на претходно нанесен контакт-бетон. Плочките се од врвниот италијански производител Idea Ceramica, па можеме да бидеме сигурни дека и бањата ќе биде место каде ќе уживате и ќе се релаксирате без грижи. Исто така, во моментов се поставува стиропор изолацијата на подовите.

 

19.02.2016

Градбата по систем е нешто со кое навистина се гордееме! Овој систем е составен од неколку специфично одредени фази низ кои минуваме со голема претпазливост и посветеност, со цел да го обезбедиме најдоброто решение за Вашето семејство. Во овој објект во моментов се работиме на изолацијата за парно и ги бојадисуваме цевките за парното, за најдобар естетски изглед заедно со квалитетот. Прозорците со својата врна енергетска ефикасност, заедно со опшивката и соодветната изолација, ќе Ви обезбедат ниски сметки во текот на целата година. Никој не би одбил повеќе пари за на летување, нели? 🙂

12.02.2016

Сè уште работиме на поставувањето на системот за довод на вода, користејќи ги цевките од познатиот производител Rehau. Исто така, во Вашите кујни ги поставуваме одводните цевки. Внатрешните ѕидови машински ги малтерисуваме со глет-малтер – за беспрекорно мазни и рамни ѕидови кои освен што изгледаат добро, ќе го чуваат и здравјето на Вашето семејство, заштитувајќи ве од влага, мувла, габички и штетни хемикалии. (А нив не ги сакаме, нели?) 😉

22.01.2016

Се ближи крајот на изградбата на нашата убавица – GA04 e сè поблиску до финалниот изглед. Веќе работиме на завршните финеси во внатрешноста на Вашите домови. Бањите и тоалетите овие денови ќе добијат вградени казанчиња за најлесно чистење и максимален естетски ефект. Исто така, трае процесот на поставување Rehau систем за довод на вода – трајно решение за децении чиста вода, без неочекувани трошоци за одржување. Вашите домови ќе бидат топли и удобни во текот на целата година, благодарение на парното греење чии главни вертикали ги поставуваме во моментов.

Се чини дека веќе е време да почнете со планирање на ентериерот на Вашиот дом, па затоа, одете право на блогот во потрага по инспирација и функционални решенија. А доколку сè уште не си одбравте стан, телефоните во рака! Нашите контакт-броеви ќе ги најдете на овој линк.

Ве очекуваме, патот до нов дом кај нас е брз и лесен!