54 метри квадратни со доволно простор за четиричлено семејство

Seafront-Oak-Wood-Themed-Apartment-by-Pitagoras-Group-05

Уникатноста на овој дом лежи во дрвените панели кои ги прекриваат скоро сите ѕидови од просторот. Исто така, тој е уникатен по паметното искористување на просторот кое овозможува и родителите и двете дечиња да живеат удобно.

На дрвените панели како контраст во дневната се додадени жолта ретро фотелја и темно син двосед чија нијанса е совршено компатибилна со остатокот од дизајнот. Трпезариската маса е акцентирана со помош на светилки кои се спуштаат ниско над масата.

Спалната на дечињата е затворена само со темна завеса и вклучува две креветчиња едно над друго, со цел да се создаде отворен впечаток и просторност.

Родителската спална соба е единствена која се одвојува од дизајнот, бидејќи само тука се изоставени дрвените елементи, а доминира белата боја во комбинација со сини детали.

Со оглед на тоа што дизајнот говори самиот за себе, оставаме да уживате во галеријата која денес ја подготвивме за Вас. 🙂