11 малечки и шик тоалети кои ќе го освежат секој дом

Тоалетот е одлично место да ја прикажете својата креативност и дух, земајќи го во предвид фактот што најмалечката просторија во домот многу лесно може да изгледа „скоцкано“ од под до плафон. Не плашете се да ставите акцент на дизајнот, користејќи светли бои и апликации, стилска санитарија и храбри додатоци. Со овој микс ќе постигнете луксузен изглед без да вложите премногу време и пари.

Одвоивме 11 примери кои најмногу им се допаднаа на нашите дизајнери. Без оглед на тоа дали изборот ви се врти околу црно и бело, или пак сте се одлучиле за широка палета на бои, нема да згрешите со било кој од овие примери.