Малечок стан со транспарентен дизајн (46м2)

Transparent-Small-Apartment

Чист, едноставен, стилски и светол се епитетите кои уште на прв поглед може да ги дадете на овој дом од 46 метри квадратни, чии сопственици вешто успеале да вклопат кујна, трпезарија, тоалет, дневна и спална соба без да жртвуваат ни грам стил и елеганција.

Можеби најфункционалниот елемент во целиот дом е стаклената партиција која го прави просторот за спиење доволно приватен, но и доволно изложен на дневна светлина.

Основната боја на дизајнот е белата, а низ просторот се провлекуваат потемни детали во нијанси на црна, сива и сина. На овој начин целиот дом изгледа уште посветло, но и попространо.

Декорациите се едноставни и минимални, а на дизајнот личен печат му даваат омилените фотографии и врамени постери.

За сличен стан од нашата понуда, разгледајте ги нашите каталози тука.

Уживајте во галеријата!