Луксузен дизајн на дом во Њујорк кој ќе Ве освои

Artsy-Living-Gallery-by-Kelly-Behun_dezeen_936_col_0

 

„Кога ме контактираа околу декорирањето на домот, се заинтересирав веднаш штом ми кажаа за кој објект се работи“, вели дизајнерката Кели Бехун на овој просторен стан кој се наоѓа во многукатницата 432 Park Avenue – втората највисока зграда во Њујорк, зафаќајќи ја јужната страна. „Задачата ми беше да создадам простор во кој ќе може луксузно да се живее, простор кој ја искористува светлината во потполност, но и кој оддава чувство на приземјеност, земајќи го во предвид фактот што сопствениците  живеат на 392 метри над земјата.

„Веднаш знаев една работа – подот мора да го направам темен. Темните подови оддаваат впечаток на цврста подлога, а во комбинација со светлиот декор и огромниот простор се апсолутно совршени“. Дневната соба, трпезаријата, главната спална соба и бањата изобилуваат со елементи во светли и пастелни бои, давајќи мир и елеганција на просториите, надополнети од шик деталите со металик текстура. Додадени се повеќе акцентски декоративни елементи со различен стил, кои самите за себе го привлекуваат вниманието и создаваат впечаток на посебни катчиња.

Двете гостински спални соби, како и библиотеката, се сите посебна приказна за себе и излегуваат од стандардната шема на бои.

Разгледајте ја галеријата и земете инспирација за Вашиот нов дом. Нашата понуда може да ја разгледате тука, а за повеќе информации, тимот на Golden Art ги очекува вашите прашања на 071 и 075/225-888.

Golden Art. Дом. Не само стан.