Дневникот на една зграда – GA05, Аеродром

zgrada-5-montaza-3

Објект: GA05
Локација: Ул. „Методија Шаторов – Шарло“ – Аеродром
Број на станови: 128
Височина: 9 ката плус поткровје
Квадратура на станови: 2578m² во 2 влеза, влез 1 – 62 и влез 2 – 66 стана

Со цел едноставно и лесно да дојдете до сите новости од текот на изградбата, за Вас го подготвивме овој „дневник“ во кој постојано ќе ги објавуваме сите информации, почнувајќи од најновите вести, па наназад.

Оваа зграда е уште еден од нашите објекти кои ги исполнуваат стандардите за енергетска класа А, бидејќи кога станува збор за Golden Art, максималната енергетска ефикасност и безбедноста претставуваат стандард од кој не отстапуваме. Вашата доверба ни значи сè, токму затоа градиме домови кои ќе им служат и на Вашите поколенија! :)

Понудата и скиците на становите може да ги најдете на овој линк.

20.06.2017

Поставен е одвод и довод на вода со систем Rehau до четврти кат. Се спроведуваат вертикали за вода исто така до четврти кат. ВО тек е глетување на греди и столбови на истиот кат.

31.05.2017

Се поставува вертикален и хоризонтален одвод. Покривите се изолираат со тервол, а започнато е и шлицање на ѕидовите за довод на вода.

19.05.2017

Се бушат дупки за одвод во домовите. Во тек е спроведување на кабли за струја на десеттиот кат, како и шмирглање на ѕидовите и припрема за прва рака молерисување на ниво -1.

27.04.2017

Во тек е поставување на лајсни на столбови и греди, како и глетување на таваните во двата влеза.

20.04.2017

Се глетуваат плафоните во домовите на седми кат, како и скалите и ходниците на петти кат. На прв кат во двата влеза започнуваме со поставување лајсни на столбови и греди.

12.04.2017

Се глетуваат плафоните на шести кат во првиот влез. Во вториот влез во тек е машинско малтерисување на греди и столбови на првиот кат. Оваа недела завршивме со бетонирање на оградата околу зградата.

30.03.2017

Во вториот влез во тек е машинско малтерисување на трети кат, а во первиот влез на осми кат. Внатрешната ѕидарија е скоро готова, останува уште еден кат.

22.03.2017

Се поставуваат лајсни на столбови и греди на втори кат. Во тек е машинско малтерисување со гипсен малтер Knauf MP75 на шести кат, како и внатрешна ѕидарија на десетти кат.

09.03.2017

Се работи на внатрешна ѕидарија на деветти кат, додека пак на приземје се врши машинско нанесување на малтер.

15.02.2017

Започнавме со машинско нанесување малтер „Кнауф МП 75“ на првиот кат. На 8ми и 9ти кат продолжуваме со внатрешната ѕидарија.

08.02.2017

Поради временските услови текот на изградбата на GA05 беше во привремена пауза. Завршен е процесот на местење прозорци до 9ти кат, a oд следната недела продолжуваме со полна пареа да работиме на овој објект.

20.12.2016

Започнуваме со внатрешна ѕидарија на осми кат, а во тек е и поставувањето крила на прозорци во објектот.

 

14.12.2016

Продолжуваме со поставување на трислојни Rehau прозорци во објектот, а на шестиот кат започнавме со работа на внатрешната ѕидарија.

08.12.2016

02.12.2016

При крај сме со внатрешната ѕидарија на четвртиот кат, додека на првиот кат веќе започнавме со поставувањето на Rehau прозорци. Овие прозорци се шесткоморни, со трослојно стакло кое не дозволува загуба на енергија за греење и ладење – 365 дена во годината, без разлика на надворешната температура!

23.11.2016

Оваа недела започнуваме со местење на електричната инсталација на првиот кат, додека на четвртиот кат се ѕидаат внатрешните ѕидови со Nexe термо блокови. Со нивна помош постигнуваме одлична термо и звучна изолација – за пријатен и мирен дом!

18.11.2016

На објектот во Аеродром се работи на внатрешната ѕидарија на третиот кат.

 

10.11.2016

Во Аеродром се работи на внатрешната ѕидарија.

03.11.2016

Во моментов на објектот во Аеродром се работи на внатрешна ѕидарија на вториот кат и надворешна ѕидарија на деветиот кат, користејќи ги термо блоковите Nexe кои му даваат топлинска изолација на Вашиот стан во текот на целата година.

29.10.2016

Во Аеродром се работи на надворешната ѕидарија на седмиот кат и на внатрешната ѕидарија на првиот кат.

18.10.2016

Оваа недела се работи на надворешната ѕидарија на шестиот кат, а на првиот кат започнавме со внатрешна ѕидарија.

06.10.2016

Стигнавме до четвртиот кат и работиме на надворешната ѕидарија.

29.09.2016

Во моментов на објектот во Аеродром се работи на надворешната ѕидарија на третиот кат и започнавме со исцртување на четвртиот кат.

24.09.2016

На објектот во Аердром започнавме со надворешна изолација. Приземјето е готово и во момнетов се работи на првиот кат.

04.05.2016

На објектот во Аеродром во моментов се изработува армирана бетонска конструкција со греди и плоча на ниво -1. Гредите и плочата се изработуваат од ребраста арматура и арматурни мрежи и се полнат со готов бетон марка 30.