54 метри квадратни со доволно простор за четиричлено семејство

Уникатноста на овој дом лежи во дрвените панели кои ги прекриваат скоро сите ѕидови од просторот. Исто така, тој е уникатен по паметното искористување на просторот кое овозможува и родителите и двете дечиња да живеат удобно. На дрвените панели како контраст во дневната се додадени жолта ретро фотелја и темно син двосед чија нијанса е […]

Функционален и практичен дом со една спална соба (46м2)

Кога станува збор за уредување на помали станови, постои едно златно правило со кое не можете да згрешите – на мал простор одговараат мали парчиња мебел со едноставни линии. Ова правило успешно го имплементирале сопствениците на станот за кој ќе пишуваме денес. Со површина од само 46 метри квадратни, можеби ќе помислите дека функционалноста ќе […]

Уметнички дом од 56m2 со многу простор за складирање

Неконвенционалниот стил на уредување, иако не се практикува често, изгледа навистина убаво доколку умеете да ги избалансирате елементите, како во овој дом од 56 метри квадратни. Преовладува белата боја, а како акцентски елементи се дрвените ормарчиња кои се дел од кујната и просторот за работа. Изложениот бетон е грубата страна на овој дизајн, но тој […]

Планинска идила во срцето на Куршевел – Chalet La Grande Roche

Денес ви носиме дизајн кој ќе ве замрзне и затопли во исто време. Кога ќе читате, имајте во предвид дека нашите блогери оваа објава ја пишувале на температура од +40 степени во жешкото Скопје, пред почеток на летните одмори, па оттаму не е ни чудо што добиле инспирација од зимски слики 😀  Chalet стилот на […]

Стан со две спални соби за љубителите на едноставност и светлина

Денес за вас подготвивме галерија од дом на семејство кое живее во Сингапур. Дизајнот е дефиниран од едноставност и прецизност – неизбежен дел од бурниот и брз живот во оваа густо населена метропола. Килимите и вишокот елементи за уредување се излишни со оглед на тоа што секој елемент мора да е лесен за одржување. Поради […]

Мешавина од материјали и текстури за уникатен амбиент во домот (42m2)

Доколку сте љубители на едноставното, а сепак не сакате вашиот дом да изгледа изгледа монотоно, овој дизајн е интересен пример како да го постигнете тоа без да потрошите премногу за уредување. Она што го прави овој дом посебен е комбинацијата на материјали при уредувањето. Дизајнот го носат светлите елементи, како ѕидовите, прозорците и дел од […]

Весели бои низ домот на четиричлено семејство

Кога имате поголемо семејство, навистина е важно секој член на семејството да има свое катче за своите омилени активности. Еднакво важно е домот да има доволно простор за целото семејство да поминува време заедно. Совршен спој на овие елементи е овој стан од 83 метри квадратни во кој архитектите умешно го испланирале просторот за едно […]

Стил и елеганција во стан од 94 метри квадратни

Станот кој го подготвивме за да ве инспирираме денес припаѓа на брачен пар со навистина префинет вкус, а ова е отсликано во многуте детали кои кои го красат секое ќоше од просторот. Основната палета на ентериерот се состои од природни тонови, надополнети со дрвени елементи кои внесуваат топлина и димензија во целината. За уредување е […]