5 ТАЈНИ КОИ ГИ ОТКРИВААТ ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

36463a40a861ebee7d6202c65b1969d9

Дали познавате некој кој има одличен стил и вкус без воопшто да се труди?

Во продолжение ќе Ви откриеме 5 тајни што ги споделија професионалците за уредување на домот, Гери МекБрауни и Бани Вилијамс, кои и Вие би можеле да ги искористите.

Започнете со Ваша шема на бои

За почеток, треба да изберете Ваша палета на бои. Изберете една шема за целиот дом и започнете со уредување по таа шема, соба по соба. Палетата која е многу едноставна и секогаш успева е кралско сина, небесно сина, нежна портокалова, и зелена како трева. Можете како сакате да ги комбинирате овие бои во секоја соба.

Објектите кои Ви се битни поставете ги на видно место

Ако некој предмет или објект навистина Ви значи и сакате да го истакнете, поставете го на видно место, затоа што треба навистина да уживате гледајќи го. Ова особено важи за дневната соба и за бањата.

Низок мебел во соби со спуштен плафон

Доколку имате спуштен плафон Ви препорачуваме да поставите ниски столови, маси и фотељи. Тие прават илузија дека просторот е поголем и ќе се чувствувате поудобно.

Додадете боја на прозорите

Светло зелената боја може да ја комбинирате на рамките од прозорците. Ќе го развеселат просторот и ќе допринесат да се чувствувате како да сте во природа во Вашиот дом бидејќи ќе се вклопат со зелената боја на дрвјата и тревата што ги гледате низ прозорецот.

Бојата на софата е секогаш битна

Вложете денар повеќе во добро направена софа. Квалитетниот материјал, одличниот изглед и комфорната софа ќе придонесат да се чувствувате попријатно во дневната соба.

Разбудете ја Вашата креативност и фатете се за работа. 🙂