3 Идеи Како да ја уредите Вашата бања со зелена боја

за насловна

Уредувањето на бањата не мора секогаш да биде “црно-бело“.  Бањата е мал дел од домот каде можеме да ја истакнеме креативната слобода кога станува збор за декорирање, и да експериментираме со различни нијанси и бои. Една од боите која одговара за декорирање на бањата е токму зелената. Многу е важно било која боја да Ви дава чувство на чистота и свежина, а зелената, е боја која дефинитивно ни дава чувство на свежина.

Доколку се решите да ја уредите бањата со зелена боја ние Ви нудиме 3 начини според кои можете да се водите кога декорирате со оваа широка палета на нијанси на зелено.

Лимета Зелено

Лимета Зелена е одлична нијанса која можете да ја комбинирате со повеќе бои како жолта и виолетова, но можете и да ја искористите како контраст на црно-бела комбинација.

Жад Зелена

Жад зелената е боја со висок квалитет и Ви дава чувство како да сте опкружени со смарагд. Можете да ја комбинирате со бела, златна или црна боја.

Тревесто зелена

Тревесто зелената боја му дава слобода на Вашиот дизајн и затоа секогаш комбинирајте ја со светли бои како кремасто жолта.